
Во Истанбул започна трилатералeн состанок на делегациите од САД, Украина и Турција, соопшти турското Министерство за надворешни работи за „Спутник“. Како што пренесува агенцијата, оваа средба му претходи на состанокот помеѓу Русија, Украина и Турција, планиран да се одржи денеска со почеток во 12:30 часот.
Американската делегација е составена од:
Државниот секретар, Марко Рубио, Специјалниот пратеник, Кит Келог, Амбасадорот на САД, Том Барак.
Украинската делегација е составена од:
Андреј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот, министерот за одбрана, Рустем Умеров и министерот за надворешни работи, Андреј Сибига.
Како што пренесува „Спутник“, руската делегација сѐ уште не е дојдена во палатата Долмабахче, каде што се одржуваат состаноците.