СВЕТ

Украина во Џеда ги кажала црвените линии – не се откажува од членството во НАТО

Украина нема да се согласи да се откаже од членството во НАТО како дел од потенцијалниот „мировен договор“. Ова, како што пишува украинскиот весник „Европска правда“, било кажано на состанокот со американската делегација во саудискиот град Џеда.

Advertisements

Весникот, повикувајќи се на извор што е запознаен со преговорите, пишува дека иако состанокот немал за цел финализирање на широк договор, украинската страна ги информирала американските партнери за своите црвени линии.

„Разговаравме и за прашањето на НАТО и јасно ставивме до знаење дека за Украина тоа не може да биде отстрането од агендата“, изјавил изворот.

На состанокот, како што се додава, се разговарало и за други клучни украински позиции за идните преговори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button