СВЕТ
Украинската Рада ја продолжи вонредната состојба и општа мобилизација во земјата

Врховната рада на Украина денеска усвои предлог-закон за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во земјата за уште 90 дена, до 6 август.
Вонредната состојба и општа мобилизација ќе бидат продолжени на 9 мај од 05:30 часот и ќе бидат во сила во наредните 90 дена.
Оваа информација ја објави пратеникот Јарослав Железњак на својот Телеграм канал.