ВЕСТИСВЕТ

Украински ученици се обидуваат да го продолжат образованието како бегалци

Додека руската инвазија врз Украина продолжува, многу ученици кои побегнаа од воените зони се обидуваат да го продолжат својот живот и образование. Еден од нив е и Павло. Тој заедно со неговата мајка и другите членови на семејството побегнале од градот Волин во западна Украина само неколку дена по почетокот на војната. На Павло му останала година и пол до завршувањето на средното училиште, а правел планови за студии, но војната целосно му го промени животот.

Advertisements

„Ситуацијата е многу стресна. Тешко е да ја напуштиш својата земја во вакви моменти“, Павло, Средношколец

На Павло и на некои негови врсници им било дозволено да го продолжат своето образование во Полска. Покрај часовите, тој помага и во собирање донации за украинските бегалци и за оние кои остануваат во воените зони. Од почетокот на руската инвазија, бројот на бегалци кои од Украина влегле во Полска надмина два милиона. Овој број е поголем од населението на полскиот главен град Варшава. Според Обединетите нации, повеќе од 3 милиони луѓе досега ја напуштиле Украина. /Алсат.мк

Арта Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button