СПОРТФУДБАЛ

Украинскиот голман незадоволен, бара нова средина

Андриј Лунин, украинскиот голман на Реал Мадрид одново го најде своето место на клупата за резерви откако од повреда се врати Тибо Куртоа, исфрлајќи го од првиот тим на големо незадоволство на 25-годишникот.

Advertisements

Лунин ја искористи повредата на Куртоа на почетокот на претходната сезона и се наметна како одлична замена за искусниот Белгиец, но враќањето на поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Челси меѓу стативите сега ќе донесе заминување на украинецот од кое Реал Мадрид нема да има никаква заработка.

Договорот на Лунин со Реал Мадрид важи до крајот на тековната сезона по што тој ќе замине од клубот во потрага по минутажа и ќе биде слободен да ја бира новата средина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button