ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Украсувањето за празниците, Шутка како Дубаи

Украсувањето за празниците, Шутка како Дубаи

Додека граѓаните на центарот на Скопје се жалат дека центарот изгледа слабо со неколкуте украси за Нова година, граѓаните на Шуто Оризари велат дека Шуто Оризари е трансформиран во Дубаи за крајот на годинешните празници. Курто Дудуш ги повикува граѓаните на Скопје да дојдат и да ја прослават нова година во Шуто Оризари.

Advertisements

Што се однесува до споредбата на Шутка со Дубаи, вака изгледа Шутка во вечерните часови.

Курто Дудуш ги повика сите граѓани новогодишната ноќ да ја поминат во центарот на општина Шуто Оризари.

Дудуш рече дека за украсувањето на Шутка за пречек на Новата година, не биле трошени пари од општинскиот буџет, туку со приватни средства./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button