ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Улицава е ваква од времето на Југославија“, дебрешани се жалат на лошата инфраструктура

Канализација и асфалтирање на патот во Дебреше, Гостивар, се ветува повеќе од две години, но работите никако да завршат. Наместо асфалт, на улицата има уште поголеми дупки и повеќе прашина. Од Општина Гостивар тврдат дека работите биле започнати, но на теренот може да се види дека е ставен само чакал. Жителите се жалат дека се задушуваат во прашина и кал, а добиваат само ветувања од општината.

Advertisements

„Погледнете го автомобилот внатре каков е. Сè е во прашина. Вака е од времето на Југославија, секој ден сè повеќе и повеќе се уништува и не се поправа.“

„Ова е катастрофа, не може да се опише. Трета година како улицата е ваква. Но, каде да се жалиме, зарем имаме држава каде што може да се пожалиме?“

„Погледнете како го уништија патот таму. Веќе две години е отворен така. Автомобилот го чувам во гаража затоа што има многу прашина. Колку долго ќе трае не знам. Не еднаш, вие како Алсат бевте неколку пати. Само велат дека ќе биде, ќе се направи асфалтот, но кога не се знае. Сега доаѓаат и печалбарите. Каде да дојдат? Дали ќе дојдат да одморат или да дишат прашина“, реагираат жителите.

Целиот проблем, според наши информации, лежи во неплаќањето на долгот кој општината го има кон фирмата која била избрана да ја заврши работата. Од друга страна, жителите се подготвуваат за протести. Ќе подготват петиција која ќе биде испратена до општина Гостивар. Од локалната власт пак, тврдат дека работите се започнати, но биле прекинати по барање на жителите сè додека не си заминеле печалбарите и додека не завршеле семејните прослави.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button