Обилните врнежи предизвикаа поплави во францускиот град Кан, а на социјалните мрежи кружат видеа од овој град.
„Во нашето подрачје има силно невреме, повремено пропратено со град. Ги повикуваме сите граѓани да бидат внимателни и да преземат мерки на претпазливост доколку патуваат“, се наведува во соопштението на Градската управа на социјалната мрежа Икс.
Во соопштението се наведува дека сообраќајот е блокиран поради поплави.
„Пријавени се штети во некои подруми и продавници. Во моментов нема пријавени случаи на човечки жртви“, се наведува во соопштението, пренесува Н1.