МАКЕДОНИЈА
Умерен сообраќај на патните правци по влажни коловози
Умерен сообраќај на патните правци по влажни коловози

Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.
-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.
Од АМСМ со препорака за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.