ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Унапредувањето на судијата ги револтира роднините на загинатите кај Ласкарци

Одлуката за унапредување на судијкаата на случајот за „Ласкарци“, што може да го загрози враќањето на предметот на повторно судење, ги револтираше семејствата на жртвите од 13 февруари 2019 година. Соња Аврамовска, која го загуби синот во оваа несреќа, вели дека само во нашата земја ги наградуваат судиите кои не ги завршуваат предметите навреме и се испраќаат на подобри работни места.

Advertisements

Разочаран е уште еден роднина, Хасан Османи. Бара овој случај кој предолго се одолговлекува да добие исход.

„Синоќа кога разбрав дека судијката ќе биде сменета, ќе одела во Апелација, многу се разочарав, бидејќи после четири години дојде до крај, а супер вештачењето доцнеше една година, и откако дојде и ова, сега прават друга далавера. Не мислевме дека ќе ни го направат и ова само за да застари предметот, значи некому му одговара што повеќе да се одолговлекува работата. Веќе четири години ја следам секоја седница и видов дека на оваа работа нема да има крај. Една турска поговорка вели дека е подобро да се умре еднаш отколку секој ден, но ние умираме секој ден четири години кога гледаме што се случува внатре“, вели Хасан.

Роднините велат дека доколку се дојде до одлука за повторно судење, револтот ќе го искажат преку протести.

„Ќе протестираме, но не знаеме колкав ефект ќе има, бидејќи ја изгубивме вербата во судовите. Видете во вестите колкава е довербата во македонските судови, три проценти“, додава Хасан Османи.

Обвинет во случајот со несреќата кај Ласкарци, која се случи на 13 февруари 2019 година, во која животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа тешко повредени, е Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за превозот во компанијата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски кои се обвинети за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Во меѓувреме, за истото дело обвинети се тројца вработени во станицата за техничка контрола, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button