СВЕТ

УНДП: Повеќе од милијарда луѓе во светот живеат во акутна сиромаштија

Повеќе од милијарда луѓе во светот живеат во акутна сиромаштија, а повеќе од половина од нив се деца, се истакнува во извештајот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавен денеска, а по повода Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата.

Advertisements

Извештајот, објавен во соработка со Оксфордската иницијатива за човечки развој и сиромаштија (OPHI), нагласува дека стапките на сиромаштија се три пати повисоки во земјите погодени од војна, при што во 2023 година во светот е регистриран најголем број на конфликти од Втората светска војна.

УНДП и OPHI го објавуваат нивниот повеќедимензионален индекс на сиромаштија (MPI) секоја година од 2010, а податоците се прибираат од 112 земји, каде што живеат вкупно 6,3 милијарди луѓе.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button