СВЕТ
УНЕСКО ќе ги вклучи јапонските пијалоци саке и шочу на листата на светско културно наследство

Советодавниот комитет на УНЕСКО препорача јапонската традиционална уметност на правење саке и шочу да се вклучи во листата на нематеријално културно наследство и тој предлог официјално да биде усвоен во декември, соопшти денеска јапонската агенција за култура.
Предлозите треба официјално да бидат усвоени на седницата на УНЕСКО од 2 до 7 декември во Асунсион, Парагвај, се наведува во соопштението за печатот, пренесе Јонхап.
Саке е традиционален јапонски алкохолен пијалок направен од ориз.