
УНЕСКО предупредува дека прекумерното потпирање на технологијата во образованието може да биде непродуктивно, па дури и штетно, доколку се меша во стекнувањето основни вештини, како што е читањето. Учениците треба да учат за технологијата во светот, но наставниците треба да внимаваат претерано да не користат „технолошки помагала“ во наставата, предупредува УНЕСКО во својот извештај.
Тие додаваат дека има малку цврсти докази за додадената вредност на дигиталната технологија во образованието.
Во извештајот, УНЕСКО силно предупредува на технологијата во стекнувањето на традиционални клучни вештини кои всушност би можеле да им помогнат на децата да избегнат некои од замките на современиот дигитален свет.
„Ако научите да читате добро, да читате со разбирање, тоа исто така ве прави подобро подготвени да се движите низ дигиталниот свет, а ние често го забораваме тоа“, изјави Мансо Антонис, главен автор на извештајот.
Технологијата во училницата „може да има штетно влијание ако е несоодветна или прекумерна“, се вели во извештајот.