ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Унгарија не прифатила Теута Арифи да стане амбасадорка во ЕУ?

Алсат дознава дека еден дел од предложените имиња на Владата за амбасадори се одбиени од државите, односно институциите кои требаше да им бидат домаќини. Тоа се случува уште пред барањата воопшто и да бидат испратени.
Одбиена е Теута Арифи за местото амбасадорка на Македонија во Европската Унија. Иако нема официјално објаснување која била причината, неофицијално дознаваме дека меѓу неа и фотелјата во Брисел се испречила Унгарија.
Според информациите, проблем има и за актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски кој се надева на амбасадорско место во Париз, Франција.
За двајцата сè уште не се испратени ни официјални барања од државава. Запрашан конкретно за Арифи, министерот Бујар Османи за Алсат попладнево изјави дека барањето уште не е пратено за добивање агрема. /Алсат.мк