ВЕСТИСВЕТ

Унгарија од денеска претседава со ЕУ

Унгарија  го презема од денеска претседавањето со ЕУ, а еден од седумте приоритети на Будимпешта ќе биде конзистентна и заснована на заслуги политика на проширување со порака дека ЕУ не може да биде целосна без пристапот на Западен Балкан во блокот.

Покрај проширувањето, приоритети на унгарското претседателство ќе бидат конкурентноста, одбраната, илегалната миграција, регионалниот развој, земјоделската политика и демографијата, се наведува на веб-страницата на Претседателството. „ЕУ долго време беше ангажирана во обезбедувањето европска перспектива за Западен Балкан, бидејќи заедницата не може да биде целосна без пристапувањето на овој регион. Интеграцијата на регионот носи придобивки за Европската унија во економска, безбедносна и геополитичка смисла“. Со цел понатамошно проширување и продлабочување на соработката, се додава, дека партнерите ќе бидат поканети на консултации и во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан и во рамките на Европската политичка заедница.

Останатите шест приоритети на унгарското претседателство се однесуваат на новиот европски договор за конкурентност, зајакнување на европската одбранбена политика, спречување илегална миграција, обликување на иднината на кохезионата политика на ЕУ, земјоделска политика на ЕУ ориентирана кон земјоделците и решавање на демографските предизвици.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button