
Унгарија од денеска на полноќ ќе го продолжи ноќниот полициски час за да го спречи брзото зголемување на инфекциите со коронавирус, најави премиерот Виктор Орбан. Премиерот, кој досега се воздржуваше од воведување на строги мерки во обид да ја заштити економијата, додаде дека ќе бидат забранети и големи собири, а спортските настани ќе се одржуваат зад затворени врати.
„Ако инфекциите со коронавирус се зголемат со сегашното темпо … унгарските болници нема да можат да се справат со товарот“, рече Орбан на видеото објавено на неговата страница на Фејсбук.
Унгарија објави 5.162 нови случаи и 55 нови смртни случаи, со што вкупниот број достигна 114.778 инфекции и 2.493 смртни случаи. Болниците веќе мораа да презакажат операции за да се справат со приливот на пациенти.