СВЕТ

Унгарските болници пред колапс, Орбан најави ригорозни мерки

Унгарија ќе ги затвори средните училишта, универзитетите и рестораните и ќе воведе продолжен ноќен полициски час од вторник на полноќ со цел да се запре брзото зголемување на случаите на коронавирус, објави премиерот Виктор Орбан на својата Фејсбук страница.

Орбан денес изјави дека спортските настани ќе се одржуваат без публика, а сите собири ќе бидат забранети, пренесува унгарската агенција МТИ.

Тој додал дека се потребни нови рестриктивни мерки бидејќи „ако инфекцијата продолжи да се шири со сегашното темпо … унгарските болници нема да можат да го поднесат товарот“.

Во видео обраќање, премиерот Виктор Орбан ги објави следниве мерки:

– Часовите во училиштата и универзитетите ќе бидат на Интернет.
– Ресторани, бањи и спортски сали ќе бидат затворени.
– Полицискиот час ќе биде во сила од 20 часот до 5 часот наутро.
– Забрана за прослави.
– Забрана за социјални собири за повеќе од 10 лица.
– Забрана за свадбени прослави.
– Спортските настани можат да се одржуваат само зад затворени врати.
– Хотелите ќе бидат отворени само за деловни патници.

Гласањето за мерките предложени од Виктор Орбан ќе се одржи во парламентот во вторник, а доколку мерките бидат усвоени, тие ќе стапат на сила во среда.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button