ВЕСТИСВЕТ

Унгарското претседавање со ЕУ во фокус на Европскиот парламент

Од денеска до четврток во Стразбур ќе се одржи пленарно заседание на Европскиот парламент на кое централен настан ќе биде дебатата на европратениците со унгарскиот премиер Виктор Орбан, посветена на претседавањето на Унгарија со ЕУ.

Advertisements

Покрај пленарната сесија, за утре во Стразбур е предвидено претседателката на Европската комисија да ги презентира предлог-составот на новата ЕК и распределбата на ресорите меѓу еврокомесарите пред членовите на парламентарната Конференција на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи.

Заседанието ќе започне доцна попладнево со дебати за Стратешкиот дијалог за иднината на земјоделството во ЕУ, за проблемите со илегалната миграција и за појавите на антисемитизам, говор на омраза и злосторства мотивирани од омраза во Европа.

Утре (17 септември) заседанието на ЕП ќе продолжи со дебата на европратениците со претставници на Европската комисија посветена на последниот развој на настаните во Украина. Од оваа дебата треба да произлезе резолуција во која се очекува европратениците да ги повикаат земјите членки на ЕУ да продолжат со обезбедувањето воена и финансиска поддршка за Украина. Гласањето по оваа Предлог-резолуција е предвидена за в четврток.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button