
Бројот на раселени лица поради војна, насилство и прогон низ целиот свет достигна 122,1 милиони до крајот на април, со големи конфликти како оние во Судан, Мјанмар и Украина, како и континуиран неуспех за ставање крај на конфликтите, соопшти денес агенцијата за бегалци на ОН.
Според годишниот Извештај за глобалните трендови на УНХЦР, во истиот период минатата година имало 120 милиони раселени лица, што означува 10-та година по ред на зголемување на бројот на присилно раселени лица.
Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, изјави дека напорите за наоѓање мир и трајни решенија за бегалците мора да се удвојат.