ВЕСТИКлиматски ПромениСВЕТ

УНХЦР предупредува на зголемен број климатски бегалци

Агенцијата на ОН за бегалци предупреди на зголемен број бегалци од регионите кои се особено погодени од климатските промени, доколку не инвестираат во подобрување на животната средина. Извештајот на УНХЦР беше претставен на Конференцијата на ОН за климатски промени, или КОП29, во Баку.

„Како што климатските шокови удираат посилно, почесто и на повеќе места, раселените луѓе се повеќе се принудени да се движат повторно и повторно во потрага по место безбедно и погодно за живеење“, рече високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди.

УНХЦР рече дека луѓето бегаат во многу региони поради насилство и конфликти – но тоа е поттикнато и од борбата за ресурси кои се намалуваат поради климатските промени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button