Унифицирањето на веб-страниците на институциите ќе трае уште неколку месеци

Процесот на унифицирање на веб-страниците на институциите како Владата, министерствата и органите кои се под нивна капа, не се одвиваше според прогнозите и ќе трае уште неколку месеци. Овој проект беше ветен пред две години и беше кажано дека ќе го реши проблемот со неупотребата на албанскиот јазик на веб-страниците на државните и јавни институции. Новиот министер за информатичко општество и администрација, Адмирим Халити, објаснува дека проектот е поделен во две фази. Првата експериментална фаза се очекува да заврши во април.
„Постојат пет министерства, Министерството за информатичко општество и администрација или нашето министерство, Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи и за економија. Првата фаза, според нашите проекции, треба да заврши до крајот на април, додека втората, што значи сите други министерства и конечно како централна страница на Владата, треба да биде завршена до крајот на оваа година“, изјави Адмирим Халити, министер за информатичко општество и администрација.
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, го вети овој проект во 2020 година. Тогаш Шаќири, но и самата влада, давајќи отчет за недоволното спроведување на двојазичноста на веб-страниците на институциите, тврдеа дека такво нешто би било брзо решение.
„Верувам дека најдоцна после 6 месеци страниците на институциите ќе се обединат, почнувајќи од Владата и министерствата. Во корист на сите корисници на информациите што треба да ги добијат од веб-локациите, да бидат подобро прилагодени на сите елементи и во однос на содржината и во однос на јазикот. Да имаат можност да се добиваат информации на македонски, но и на албански јазик“, рече Адмирим Халити, министер за информатичко општество и администрација.
Две години по првите најави на овој проект и четири години од донесувањето на законот за употреба на јазиците, со кој институциите се обврзуваат да издаваат двојазични материјали и содржини на нивните веб-страници, реалноста е поинаква. Многу институции не ја нудат целата содржина на албански јазик, а некои од нив немаат ни албански како опција.
Фатлуме Дервиши