Унифицираниот албански буквар не се учи во училиштата во Македонија

Освен недостигот на учебници, основците Албанци во Македонија овој 22 ноември немаат можност да ја научат албанската азбуката од унифицираниот буквар. Букварот веќе се изучува во Албанија, Косово и Прешевската Долина. Министерот за образование Јетон Шаќири вети дека овој Буквар ќе биде пуштен во употреба оваа учебна, но до денес речиси ниту едно училиште не го обезбеди Професорот Џеладин Мурати смета дека нема пречка унифицираниот буквар да се користи во училиштата, освен малиот број на часови по овој предмет.
„По албански јазик во прво одделение според наставната програма има пет часови, додека во Албанија во прво одделение девет часови по албански јазик и ова може да ја отежни работата на наставникот бидејќи наставникот има потреба најмалку три до четири часа да работи со букварот и нема да му останат други активности за учење. Затоа ни треба образложение, објаснување како да се користи ова или како да се рационализира букварот и наставните содржини“, вели Мурати.
Лингвистот Мустафа Ибрахими оценува дека овој буквар треба да биде примарна литература за основците Албанци, а не дополнителна.
„Букварот треба да биде како примарна литература затоа што знаеме дека со букварот започнува почетокот на запознавањето на јазикот, културата и идентитетот и ова, според мене, треба да се постави како примарен предмет – да биде еден, професионален и со модерна, современа методологија со која децата треба да работат“, рече Ибрахими.
Линдита Ругова, декан на Филолошкиот факултет на Приштина, вели дека наставниците треба да бидат слободни во изборот на наставните текстови.
„Секогаш кога постои алтернативна книга, постои можност да се користат текстови од таа книга бидејќи не секогаш оние што се избираат се најдобри. Немам ништо против букварот, многу добро е направен. Колку повеќе ресурси, толку повеќе материјали да користат наставниците, тоа е добро. Лингвистички имаме еден јазик, но културолошки, животот во Тирана се разликува од животот во Скопје или Приштина“, рече Ругова.
Договорот меѓу Албанија и Македонија,за имплементација на букварот потпишан пред 7 години, не даде никакви резултати во овој поглед.
Мелихате Рустеми