СВЕТ
УНИЦЕФ: Одлуката на Израел да ја забрани УНРВА може да доведе до смрт на повеќе деца во Газа

Одлуката на Израел да ја забрани работата и активностите на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (UNRWA) е нов начин за убивање деца, изјави денеска портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер.
„Доколку УНРВА не може да дејствува, хуманитарниот систем во Појасот Газа веројатно ќе пропадне. Значи, ненадејна одлука како оваа значи дека е пронајден нов начин за убивање деца“, рече портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер, пренесе Ројтерс.
Портпаролот на ООН, Јенс Ларки, рече дека изјавата на Елдер е „праведен опис на она што властите во Израел одлучија.