Универзитетот на Југоисточна Европа со успешен крај на 2021 година

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Абдулменаф Беџети, рече дека и покрај пандемијата, оваа институција успешно ја завршила 2021 годината. Во однос на бројот на студенти, достигнат е првиот шестгодишен рекорд со 1.050 нови студенти. Последните 14 недели од наставата се реализирани со физичко присуство. Се очекува догодина Универзитетот да продолжи да го зголемува бројот на студенти и квалитетот на студиските програми.
„Ова е нов рекорд во континуираното зголемување на уписите на нови генерации на УЈИЕ. Рекордот го достигнавме по шест години, бидејќи веќе запишавме 1.050 студенти, една нова генерација. Уписите беа успешни затоа што сите три циклуси беа пропорционални, на пет факултети успеавме да запишеме 750 студенти што е достигнување повеќе од нашите цели, а на додипломскиот циклус привлековме околу 650 студенти, со 280 студенти во втор циклус и околу 40 од третиот“, рече Абдулменаф Беџети, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.