МАКЕДОНИЈА

Универзитетската библиотека во Скопје како патување низ времето, ама назад

Читалните оставени во заборав. Не е музеј, туку Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Всушност, внатрешноста на овие простори е иста уште од ‘70-тите години. Оние малку читатели што ги најдовме, рекоа дека доаѓањето тука е како патување низ времето, а условите се лоши.

 „Забелешката е дека некои простори за читање се забранети. Значи, читателите се ограничени во читање само овде колку што разбирав. Условите не се добри како другите библиотеки.“

 „Можеби поради пандемијата, не знам, порано имаше повеќе, односно пред пандемијата имаше повеќе читатели. Сега можеби и поради временското ограничување бидејќи е од 7.30 до 15:00 часот“.

Директорот вели – имаат малку пари за капитални инвестиции.

„Интересот падна поради неповолните услови за читателите, а пандемијата беше капакот што го намали интересот на нашите читатели. Главно сме фокусирани на подобрување на инфраструктурата, промена на покривот, реновирање на читалните и секако да го зголемиме бројот на соодветна застапеност на Албанците. Тоа се нашите принципиелни проекти.“

Даути вели дека другите проблеми се во рамките на соодветната застапеност, каде од 100 вработени само 3 се Албанци. Според него, официјалната употреба на албанскиот јазик е недоволна, а помалку од 5% од книгите се испечатени на албански јазик од над 4 милиони наслови во нивниот фонд. Но, Министерството за култура соопшти дека приоритет се дава на капиталните проекти кои недостасуваат подолго време.

Храмот на библиографијата честопати бил ипредмет на разбојници, случаи кои завршувале со пријава до полиција. Вработените во оваа институција велат дека ноќе крадци ги земаат бакарните шипки од покривот за старо железо. Поради тоа, на места покривот протекува и ја загрозува архивата со вредни документи и ракописи стари стотици години.

Adnan Qaili

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button