СПОРТФУДБАЛ

Упамекано успешно опериран, се враќа кон крајот на мај

Фудбалерот на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, беше подложен на артроскопска операција на коленото во клиника во Инсбрук, Австрија.

Advertisements

Прогнозите се дека францускиот дефанзивец ќе може да се врати на терените најрано за финалето на Лигата на шампионите, доколку Баерн успее да се пласира таму.

Покрај тоа, се очекува 26-годишниот Упамекано да биде целосно подготвен и за завршницата на Лигата на Hации, како и за Светското клупско првенство кое ќе се одржи во јуни.

Клубот веќе ги започна плановите за неговото враќање, а операцијата помина успешно без компликации.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button