ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Употребата на петарди може да заврши трагично

Употребата на петарди може да заврши трагично

И покрај зголемените полициски контроли, употребата на петарди останува феномен, и пиротехничките средства и натаму се нудат на продажба. Граѓаните сметаат дека користењето на пиротехника претставува висок ризик. Тие апелираат до родителите да не дозволуваат нивните деца да ги користат тие средства.

Advertisements

Министерството за внатрешни работи започна превентивна кампања со цел да ги информира граѓаните за последиците од употребата на пиротехнички средства. Полицијата повикува да не се купуваат и употребуваат пиротехнички средства, бидејќи, како што велат, најубавата вечер во годината може да се претвори во трагедија. Портпаролот Тони Ангеловски рече дека ќе има зголемени контроли низ цела држава.

Ангеловски појасни дека има различни санкции за употреба на пиротехнички средства, а за нанесување тешки повреди ќе има и  кривична одговорност .

Граѓаните на секоја нова годината се здобиваат со повреди од  употреба на пиротехнички средства. Минатата година едно лице заврши во болница, а на новогодишната  ноќ, во Клиничкиот центар во Скопје лекарска помош побарале три лица поради повреди од петарди./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button