ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

УПОЗ бара да има професионалци на високораководни позиции

Ако сакаме реформа во јавна администрација првата реформа што треба да се направи е да се донесе закон за висока раководна служба каде ќе се ограничи, односно ќе и се оневозможи на владата да именува директори, генерални секретари, државни секретари и веќе тие функции да ги извршуваат професионалци. Ова го истакна претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, пред почетокот на денешната јавна расправа за Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници организирана од МИОА.

Advertisements

„Не се проблем вработените, проблем се менаџерите, односно политичките партии кои сами си вработуваат луѓе и само носат одлуки без да консултираат никој друг“, додаде Деаноски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button