ВЕСТИЕКОНОМИЈА

УПОЗ: За прв пат се одлучува за минималната плата, без работниците

За прв пат од кога е воведена минималната плата од 2012 година се одлучува без работниците, вели Трпе Деаноски претседател на УПОЗ, откако владата вчера на седница донела одлкука за усогласување  на минималната плата за 1800 денари.

Advertisements

Деаноски вели дека не остапуваат од барањето за минимална плата од 500евра.

“Не 2200 не е точна 1800 е точна, не знам зошто кажа премиерот се донесе без Економско социјален совет да  разговара за минимална плата без да  одлучат работниците, работодавачи и владата за прв пат се случува ова. За прв пат како што кажав владата донесе сама одлука, ние не сме репрезентативни кажаа и  претставниците на владата и премиерот, додека немаме ние репрезентативност не можеме да учествуваме, изгледа на владата толку добро и иде што може да си донесе одлука без синдикатите и без работниците за жал“, рече Деаноски.

Заменик министерот за економија Марјан Ристески, пак посочи дека позициите за утврдување на износнот на минималната плата се точно утврдени и дека донесената владина одлука е легитимна.

„Ние како влада имаме обврска само да го почитуваме законот за минимална плата кои што треба да започне да се спроведува од наредниот месец има доволно време има доволно простор да институциите да пресметаат покачувањето да го пресметаат на минималната плата кое законски изнесува 2200 денари“, рече Ристески.

Минималната плата од први април ќе изнесува 24,400 денари. Синдикатите пред извесен период најавија дека, долоку се нема слух за нивното барање за минимална плата од 500 евра, не ја исклучуваат можноста за генерален штрајк и блокади.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button