ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Управата за извршување санкции ќе добие нов директор

Марјан Спасовски заминува од функцијата директор на Управата за извршување санкции. Причините не се директно поврзани со бегството на осудениот Беким Мемети од затворот Идризово, а премиерот Ковачевски веќе информираше дека е започната процедура за негово менување.

Advertisements

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обелодени имињата на двајца полицајци кои, според нив, се вмешани во бегството на Беким Мемети. Според македонската опозиција, бегството го организирала, како што велат, криминалната коалиција ДУИ-СДСМ.

Според соопштението на Јавното обвинителство, операцијата за бегство започнала откако прво осудениот Беким Мемети се самоповредил. Дежурниот командир, сега во својство на првоосомничен, наредил тој да биде однесен на лекување, назначувајќи ги затворските полицајци кои треба да го придружуваат. Им дал јасни упатства кој каде да биде и што да прави. Затворскиот полицаец кој е второосомничен, утврдил по кои улици ќе возат. За време на движењето, наводно дошло до тепачка помеѓу осудениот и еден од затворските полицајци. Иако имал лисици, Мемети му го зел пиштолот и пукал во автомобилот, барајќи да го запре возилото. Потоа го ранил возачот и си заминал. Надвор го чекал сив автомобил „ауди“.

Другиот полицаец во својство на третоосомничен не презел ништо, а се дознава дека со себе го немал ниту оружјето кое е должен да го носи. На тројцата затворски полицајци им е одредена мерка притвор во траење од 8 дена, додека на командирот му е одредена мерка претпазливост. Беким Мемети е сè уште во бегство, иако треба да служи 18 години казна затвор за убиство, а за трговија со дрога е осуден на дополнителни 3 години.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button