Управен суд ги одби тужбите на Европскиот фронт
Управен суд ги одби тужбите на Европскиот фронт

Управниот суд ги отфрли сите тужби на Европскиот фронт во врска со одлуките на Државната изборна комисија за прегласување на 7 избирачки места во рамките на петтата и шестата изборна единица. Сите тужби се оценети како неосновани и од таа причина Управниот суд одлучи да остане на сила одлуката на ДИК.
„Тужбата на Коалицијата „ Европски фронт “ против одлуката на Државната изборна комисија од 14.05.2024 година за избирачкото место 1844 во Општина Струга за парламентарните избори во 2024 година за пратеник во Собранието на Северна Македонија СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА“, велат од Управен суд.
По тврдењата дека притисок врз судиите, реагираше претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, кој обвинувањата од Арбен Таравари ги оцени како клевета и тенденција за попречување на работата на Управниот суд.
„Лично, како претседател на Управниот суд, немам потреба да се плашам, односно не знам да се плашам за мојата работа што ја работам одговорно. Датумите означени како 15 јуни или други датуми ги гледам како денови на кои, со мојот личен интегритет и капацитетите што ги имам, ќе можам да придонесам за доброто на нашата земја “, рече Бурим Сејдини, претседател на Управниот суд.
Повикувајќи се на Изборниот законик, прегласувањето во овие места треба да се одржи 14 дена по денот на гласањето, односно на 22 мај. ДИК има рок до среда да го подготви доверениот изборен материјал, да ги обезбеди гласачките места и да го организира нивното набљудување. И покрај тоа што се прегласува во само 7 избирачки места, одредбите за изборен молк на 21 мај се однесуваат на целата територија на земјата./Алсат.мк
Адриан Керими