ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Управен суд: Одлуката за изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка не е задоцнета, туку законита и правно аргументирана

Одлуката на Управниот суд за поништување на изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка не е задоцнета, туку единствено законита и правно аргументирана одлука донесена во законски водена постапка, соопштија денеска од Управниот суд.

Advertisements

-Во врска со јавно изразените ставови на уставни судии и членови на други судски инстанци, а поврзани со одлуката на Управниот суд по предметот У-5.бр.380/25, во врска со Одлуката за избор на судија на Уставниот суд на РСМ бр.08-2239/1 од 10.04.2023 година на Собранието на РСМ, сакаме да ја информираме јавноста дека во конкретниот случај не се работи за задоцнета одлука, туку единствено законита и правно аргументирана одлука донесена во законски водена постапка, се наведува во соопштението.

Од Управниот суд посочуваат дека одлуката ја донеле согласно одредбата од членот 3 став 1 точка 5 од Законот за управните спорови, согласно кој „во управниот спор судот одлучува за законотоста на конечните поединечни акти со кои се одлучува за избор, именување и разрешување на носители на јавни функции донесени од Собранието на РСМ, Претседателот на РСМ, Владата на РСМ, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, како и органите на единиците на локалната самоуправа”.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button