ВЕСТИЗДРАВСТВО

Ургентен центар, во исти лифтови се возат и мртви и живи и лекови…

Пациенти кои штотуку биле оперирани во Ургентниот центар талкаат по ходниците додека не најдат слободен лифт преку кој ќе бидат префрлени на соодветно место. Членови на семејствата на пациенти за АЛСАТ тврдат дека по ходниците може да се види како само што оперирани лица престојуваат во простории каде што има голема фреквенција на други пациенти и користат исти лифтови со што се појавува опасност од ширење на инфекции. На некои до видеата кои ни беа доставени дури се гледа како во истите лифтови се транспортираат починати и разни медицински материјали.

Advertisements

Епидемиологот Александар Стојанов вели дека вакво нешто е недозволиво, со оглед дека овие инфекции можат да бидат смртоносни. Според него, станува збор за неподготвеност на државата да инвестира во здравството.

Алсат анкетираше повеќе пациенти. Најголемиот дел од нив се жалат поради ниското ниво на хигиена.

И покрај тоа што директорот на Ургентниот центар Александар Трајановски првично се согласи да зборува на оваа тема, тој подоцна одби. Сакавме да го прашаме дали има посебни протоколи за транспорт на оперирани и починати пациенти?

На прашањата на АЛСАТ одговорија од Министерството за здравство. Тврдат дека овие аспекти не се во нивна надлежност и ни порачаа повеќе детали да бараме од челниците на Ургентниот центар.
Ги прашавме и „заедничките служби“ во рамките на комплексот Клиники. Ни рекоа дека имало посебен лифт за пациенти, но не ни објаснија зошто го користат и други.

„Во централната зграда на хирургија веќе подолго време има лифт со носивост од 1600 кг само за пациенти кои одат и се враќат на хирургија, а работи само со ТАГ картичка која ја поседуваат само службените лица на клиниките кои ги префрлаат пациентите до и од операционата сала. Има и два други лифта за превоз на посетители и еден лифт за службени лица. Значи има вкупно 4 лифтови“, велат од Заедничките служби.

Според Институтот за јавно здравје, еден од 10 заболува од интрахоспитални инфекции. Тие предизвикуваат воспаление на белите дробови и дишните патишта, уринарни инфекции и инфекции на раните кои можат да бидат смртоносни.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button