Уште 10 дена рок наставниците да аплицираат за ментори

Наставниците од основните училишта имаат уште 10 дена да одговорат на јавниот повик на Министерството за образование да бидат унапредени во титулата „ментор“. Десетици наставници веќе се натпреваруваа. Сузана Јакупи Курбардовиќ е една од нив. Таа позитивно ја оценува оваа иницијатива и додава дека е крајно време да се направат квалификации во оваа професија. Сепак, Курбардовиќ оценува дека еден ментор не е доволен во училиштата со голем број наставници.
Заинтересираните наставници можат да аплицираат за унапредување доколку имаат најмалку седум години наставно искуство и се вработени на неопределено време. Но, како што рече Курбардовиќ, формуларот за апликација може да се поедностави .
Апликациите за ментор може да се достават до 21 јануари. Секое барање поднесено после овој датум нема да биде разгледано и нема да биде оценето. Апликациите ќе бидат разгледани најдоцна до 10 февруари. Улогата на наставници ментори ќе биде да ги водат и советуваат почетниците во училиштата.
Мелихате Рустеми