ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уште два дена за приближување на ставовите со Бугарија

До одржувањето на состанокот на Советот на министри на ЕУ во вторник Северна Македонија и Бугарија ќе разговараат за да се избегне вето за нашиот почеток за преговори со ЕУ и одржување на меѓувладината конференција. Засега се уште не може да се предвиди каква ќе биде одлуката на Советот во вторник.

Advertisements

– Се уште се пред нас уште три дена, ќе работиме до последниот момент да аргументираме дека процесот на европските интеграции не е процес којшто е важен само за Република Северна Македонија, туку и за Бугарија и за сите земји – членки на Унијата, пред се и за кредибилитетот на Унијата, но и за регионалната динамика, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој не откри кои иницијативи се прават или ќе се прават наредните три дена за да се прибилижат ставовите со Бугарија и да се најде решение, но нагласи дека останува ставот оти нема да се откажеме од овој процес до последниот момент. Според Османи, постигнат е напредок во многу прашања, дури, како што посочи, седум-осум што биле сензитивни за едната или за другата страна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button