
Њукасл го загуби дербито од Манчестер сити со 2-3, а потоа лоши вести доби Жоелингтон кој бил ограбен за време на натпреварот во Премиерлигата.
Крадци влегле во неговиот дом и успеале да одземат одредени предмети чија вредност засега не е позната во јавност.
Ова е само уште една жртва од спортскиот свет, откако и во изминатите месеци постојано на мета на крадци беа познати фудбалери.