ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Уште еден протест, трет по ред, се одржа попладнево во Скопје на кој се бараше правда за 22-годишната Фросина Кулаков
Уште еден протест, трет по ред, се одржа попладнево во Скопје на кој се бараше правда за 22-годишната Фросина Кулаков

Уште еден протест, трет по ред, се одржа попладнево во Скопје на кој се бараше правда за 22-годишната Фросина Кулакова, но и за сите жртви кои загинале во сообраќајни несреќи. Маршот почна на булеварот Партизански одреди, каде што на 29 јануари беше прегазена Фросина.
„Ние сме гласот на Фросина, валкани пари-смртни последици“ пишуваше на транспарентот со кој поворката помина покрај Владата, па пред Собранието и заврши пред Апелација. Организатори беа граѓанската иницијатива „Кој е следен?”, а меѓу граѓаните беше и семејството на Фросина.