
Мохамед Салах навести дека ќе продолжи да го носи дресот на Ливерпул, чиј член е од 2017 година. Салах има валиден договор со Ливерпул до јуни следната година, а поради одредени понуди за кои се пишуваше, послабата форма во вториот дел од сезоната, како и заминувањето на Јирген Клоп, се зборуваше за потенцијално заминување на овој напаѓач од „Енфилд“.
„Знаеме дека во Ливерпул се бараат само трофеи и ќе направиме сѐ за да ги освоиме следната сезона. Нашите навивачи го заслужуваат тоа, а ние играчите ќе се бориме до крај да го оствариме тоа“, истакна Салах на социјалните мрежи навестувајќи дека има намера да остане во Ливерпул, каде дојде пред седум години од Рома.
Салах во Ливерпул одигра вкупно 250 првенствени натпревари и постигна 155 голови.