ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уште една шанса за позитивен епилог на Самитот на шефовите на државите на ЕУ, смета Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи остана оптимист за позитивна одлука за Македонија во Советот на ЕУ. По средбата со шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, Османи ја повика Бугарија да го деблокира процесот за интеграција на земјата на Самитот на лидерите на ЕУ, закажан за 24 и 25 јуни.

„Се надевам дека Бугарија ќе ги искористи овие преостанати денови за да размисли за овој искрен пристап што го имаме, да ги адресира аспектите што нè разликуваат и разделуваат, но ако не, немаме друг избор освен штафетата да и се предаде на Словенија и да се направат напори да се започне процесот во рамките на словенечкото претседателство“, рече Османи.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека блокадата на Бугарија ја докажува измамата на Владата дека земјава добила датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Милошоски додаде дека спорот меѓу Бугарија и Македонија може да се реши по примерот на Словенија и Хрватска односно дека билатералните прашања не треба да бидат вклучени во преговарачката рамка.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button