ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уште едно лице е уапсено за подготвување на терористичките напади во Виена

Уште едно лице е уапсено за подготвување на терористичките напади во Виена

Уште едно лице е уапсено поради поврзаност со терористичките напади во Виена кои се планирале за време на концертите на американската пејачка Тејлор Свифт, соопштија денеска австриските власти. Се работи за 18-годишен тинејџер од Ирак, кој неодамна и се приклучил на Исламската држава.

„Уапсено е 18-годишно момче од Ирак. Тој бил во контакт со главниот сторител, но не е директно поврзан со плановите за напад. Но, како што успеавме да дознаеме, тој положил заклетва за верност кон Исламската држава на 6ти август„, рече Герхард Карнер, министер за внатрешни работи на Австрија.

Овој тинејџер е третото уапсено лице поврзано со организацијата на овие терористички напади, откако вчера австриската полиција уапси две лица – првоосомничено е 19-годишно момче по потекло од Северна Македонија, како и 17-годишник кој работел на стадионот. Обединетите Нации предупредија на зголемен ризик од тероризам предизвикан од авганистанскиот огранок на терористичката група Исламска држава.

„Два ризици идентификувани во извештаите во изминатите години за жал станаа очигледни. Првиот е ризикот ИСИЛ-К, филијалата на „Исламска држава“ во Авганистан, да изврши терористички напади во странство. Вториот ризик, што се материјализираше во извештајниот период, поврзан е со заживување на јадрото на терористичката група“, велат од Обединети Нации.

Инаку, австриските власти веќе побараа од македонското МВР да го провери првоосомниениот 19-годишник со македонски корени, а иако повеќе медиуми објавија дека станува збор за Беран Алији по потекло од Гостивар, од полицијата денеска не сакаа да ни откријат повеќе детали за ова лице, ниту да го потврдат неговиот идентитет, со образложение дека овие информации се доверливи и нема да се откриваат додека траат проверките. Австриската полиција пак вчера соопшти дека уапсеното лице со македонско потекло го признало делото, а неговата цел била со автомобил да влета во толпата луѓе собрани пред концертот и потоа со мачети и ножеви да убие што повеќе присутни. На секој концерт на Тејлор Свифт се очекувало да присуствуваат по повеке од 60 илајди, како и уште 20.000 пред стадионот за да ги следат нејзините настапи./Алсат.мк

Михаило Донев

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button