ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна

Директорот на Управата за цивилна заштита на Република Српска, Борис Трниниќ, денеска изјави дека сликите што можат да се видат во Долна Јабланица по поплавите се слики на страв и ужас, потрагата по исчезнатите продолжува.

Advertisements

„Ситуацијата што ја затекнавме овде потсетува на катаклизма“, рече Трниниќ во изјава за РТРС.

Посочува дека засега немаат информации за опасност од нови одрони.

„Се проверува состојбата на терен и засега немаме извештај. Најавени се нови врнежи и нова опасност, а луѓето се на готовност“, вели Трниниќ. Тој додава дека не може да се знае точно по колку лица се трага на тој локалитет, но дека потрагата е во тек и дека екипите на терен ги вложуваат сите напори.

„Пронајдени се 16 тела, уште четири луѓе се водат како исчезнати. Потрагата е во тек, а машините се на терен“, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button