ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уште шест месеци за исполнување на барањата на УНЕСКО

Македонските и албанските власти имаат последна шанса да ги решат проблемите за зачувување на регионот околу Охридското Езеро. Тие имаат рок до 1 февруари 2025 год, за Езерото да не се најде на црната листа на загрозени подрачја. Двете влади треба да достават нов извештај за состојбата со природното и културно наследство на Охридскиот регион.

Advertisements

„Мислам дека последниот рок кој Унеско го постави до 1 февруари 2025 година, за средување на дивоградбите околу езерото, ако не се испочитува ќе значи дека ние ќе имаме голема загуба за Охридското Езеро, народот и самата држава. Мислам дека државата со своите заложби и државните институции можат да го средат ова прашање, бидејки тоа не е само државен проблем, туку и меѓународен ,бидејки Охридското Езеро е под заштита на УНЕСКО“, рече Беким Зиба, биолог.

Граѓанските активисти од Охрид велат дека три проблеми се главни со кои регионот се соочува – неконтролираната урбанизација со повеќе од триста дивоизградени објекти, од Радожда до Свети Наум, отпадните води кои се влеваат директно во езерото, како и нефункционалниот колекторски систем, изграден пред 30 години. Статистичките податоци покажуваат дека на пример во Струга, во последните пет години е одобрена површина за изградба од 91.500м2.

„Веруваме дека ќе сфатат еден ден дека Охридското Езеро не претставува бара, туку е основен ресурс за опстанок не на македонскиот народ, туку на цел европски народ. И верувам конечно оваа Влада ќе започне со исполнување на сите оние препораки кои ги има дадено УНЕСКО“, рече Сашо Кироски, здружение „Енхелеус Лихнид“.

Проблемите се големи и од двете страни на границата, како што се оние поврзани со копнената и транспортна инфраструктура, алтернативната траса на Коридорот VIII, заштита на изворите Дрилон на албанска страна, но и големите развојни интервенции околу езерото. Мисија на УНЕСКО во април годинава беше во инспекција на регионот, за да види што од 12 забелешки дадени претходно се реализирани.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button