ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Условни казни за директорите Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот е ослободен

Ексдиректорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими, поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми се осудени на условна казна затвор од по една година и шест месеци.

Advertisements

„Утврдената казна нема да се изврши ако во рок од три години не сторат ново кривично дело“, рече судијата.

Докторот Вучевски е ослободен од обвинение, а тетовската болница треба да плати милион денари.

„Обвинетите, не поставиле пропишани уреди за заштита од пожар и со тоа предизвикале опасност за животот и телото за луѓето и пациентите болни со Ковид-19. Тие не постапиле според мерките и активностите од договорот за заем со Светска банка. Иако биле должни да имаат противпожарна опрема, на денот на пуштање во употреба на модуларната болница па се до настанување на пожарот немале соодветни уреди за заштита од пожар“, рече судијата во дел од образложението на пресудата.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button