ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Условни казни за седумте лица кои во јануари упаднаа во М-НАВ

Условни казни за седумте лица кои во јануари упаднаа во М-НАВ

Седум лица се условно осудени за упадот во просториите на М-НАВ на 4 јануари годинава, што се случи по прес-конференција на синдикат на контролори на летање од каде алармираа за неправилности на оглас за вработувања во оваа институција. Според пресудата на Основниот кривичен суд Скопје,овие седум лица се обвинети како соизвршители на кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејство.

„Во текот на истражната постапка беа обезбедени вербални искази од вработени лица во М-НАВ како сведоци на настанот и од оштетеното службено лице, како и извештаи за безбедноста на авиосообраќајот во критичниот момент од Агенцијата за цивилно воздухопловство и од меѓународната агенција Еуроконтрол. Овие докази не посочуваат дека во времето на извршување на дејствијата на обвинетите имало опасност и била загрозена безбедноста на воздушниот сообраќај и од тие причини не опстојува кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од Кривичниот законик за што беше поведена истрага“, велат од Обвинителство.

За шестмината обвинети е изречена условна казна, 6 месеци затвор, која нема да се примени доколку не сторат нови кривично дело во рок од една година и шест месеци по правосилноста на пресудата. За еден обвинет, кој и бил претходно осудуван за дело против општата сигурност, изречена е казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

За осмиот осомничен опфатен со првичната истрага постапката е запрена, бидејќи тој не учествувал во дејствијата на спречување на службеното лице во вршењето на работите.

„Соочени со доказите за ова кривично дело, обвинетите изразија подготвеност да склучат предлог-договор со Обвинителството и да ја прифатат пресудата за вина. По повод одмерување на одредените санкции, поединечно беа оценети околностите и постапувањето на секој од осомничените во случајот, недостатокот на трајни последици, како и судската пракса за казните за такви дела“, велат од Обвинителството.
Беким Незири, функционер на ДУИ и уште шест лица на 4 јануари насилно влегле во објектот на М-НАВ надвор од безбедносните протоколи, предизвикувајќи вербална расправија и физички напад врз неколку вработени, околу конкурсот за вработување на контролори на летање./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button