Уставен на 5 јули ќе расправа за Упатството за водење на матичните книги на Правда

Уставниот суд на седница закажана за 5 јули ќе расправа по предметот за уставноста на Упатството за водење на матичните книги што го оформи по сопствена иницијатива, соопштија денеска од Уставен.
„Поради интерес на јавноста Уставниот суд информира дека предметот У.бр.89/2023, во кој се оспоруваат законските измени и дополнување на Упатството за водење на матичните книги (Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги.), ќе биде ставен на дневен ред на седницата закажана за 5 јули 2023 година. Станува збор за предмет кој Судот го оформи по сопствена иницијатива поради сомнеж за неуставност“, се наведува во соопштението од Уставниот суд.
Упатството што го донесе министерот за правда Кренал Лога на 29 мај годинава се најде во фокусот на јавноста поради ставањето на графата „националност“ во подзаконскиот акт.