ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставен суд: Формирани предмети за законските измени на Законот за работни односи и измената на ДУП Буњаковец 2

Од Уставниот суд информираат дека се формирани предмети за законските измени на Законот за работни односи и измената на ДУП Буњаковец 2.

Advertisements

Хелсиншки комитет за човекови права поднел иницијатива за член 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/23).

Со оспорените членови, како што е наведено во иницијативата, се напушта нивотo на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веке поставените правила.

Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии кој  во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон. Дополнително оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење според подносителите создава правна несигурост и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница.

Од Уставниот суд информираат дека е оспорена и Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012г. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button