ЕКОНОМИЈА

Уставен суд го укина членот 163 од Законот за банки

Уставниот суд на Република Северна Македонија на седница одржана денеска го укина  член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/201, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019).

Advertisements

Ова го објави Уставниот суд на својата веб страница.

Иницијативата за оценување на уставноста ја поведе Уставниот суд на седница одржана на 21 април 2021 година, според кој побарувањата на Фондот осигурување на депозити врз основа на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба.

Иницијативата до Уставниот суд ја поднесе Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи”, соред кои сите штедачи треба да бидат третирано еднакво и тие со штеден влог до 30 000 евра и тие што имале над 30 000 евра, но и фирмите, кои во домашните закони не се заштитени со минимална сума при пропаѓање на банка.

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард  банка „Правда за штедачи”, оцени дека денеска Уставниот суд донесе позитивна  мериторна одлука. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button