ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставен треба да донесе одлука за предметите за Изборниот законик, оценувањето на јавните обвинители и „Медреса Иса Бег” од Кондово

Уставниот суд на денешната седница треба да се донесе конечни одлуки за предметите за Изборниот законик, оценувањето на јавните обвинители и „Медреса Иса Бег” од Кондово.

Advertisements

Како што информираат од Уставен, по предметот кој се однесува на членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, Судот на 26.02.2025 година поведе постапка за одредбите со кои е подигнат прагот на потписи потребни за поднесување на независни граѓански листи на избори на 1% од гласачкото тело.

Судот изрази сомнеж дека оспорените законски одредби, не се во функција на остварување на целите на изборното законодавство, бидејќи преку зголемувањето на бројот на потписите потребни за кандидирање на независните кандидати истите ги елиминираат од изборниот процес, им се оневозможува да го остварат правото на кандидирање како елемент на пасивното избирачко право, со што и на граѓаните кои нив ги поддржуваат им се ограничува избирачкото право и правото на политичко дејствување, бидејќи нивниот избор се сведува само на партиски кандидати и на политичкото дејствување во рамки на политичките партии.

Ограничувањето на бројот на потенцијални изборни субјекти во изборниот процес ги одзема демократските атрибути на слободни и фер избори и директно го загрозува и слабее политичкиот плурализам, како темелна вредност на уставниот поредок од член 8 став 1 алинеја 5 од Уставот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button