ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставниот суд донесе одлука за одложување на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни

Уставниот суд донесе одлука за одложување на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни

Уставниот суд донесе одлука за одложување на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни. Ваквата одлука следува по приемот на дописот од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка. Одложувањето на седницата се прави затоа што Дуковска беше судијка известител за предметот за Законот за употреба на јазиците, додека Уставниот суд претходно донесе заклучок според кој оваа прашање ќе се разгледува само во полн состав.

Advertisements

„Судот одлучи да го одложи подготвителното рочиште за случајот со Законот за употреба на јазиците, кое беше закажано за 19 јуни 2025 година, поради фактот што судијата чија одлука за именување беше поништена со пресудата на Управниот суд е судијата – известител за овој случај, како и фактот што Судот донесе заклучок според кој разгледувањето на овој случај треба да се спроведе во полн состав на Судот“, велат од Уставен суд.

Тужбата за поништување на одлуката за именување на Дуковска за уставна судијка ја поднесе Антонета Димовска во 2023 година, која сега е членка на Судскиот совет, а тогаш беше една од трите кандидатки за уставна судијка предложени од Советот, но не дојде на ред за разгледување.
Во Советот, Елизабета Дуковска доби 11 гласа „за“ и 2 „против“, додека Димовска и судијката Татјана Сусулеска воопшто не беа ставени на гласање.
Управниот суд утврди дека постапката за избор била незаконска затоа што мнозинството членови на Судскиот совет ја предложиле Дуковска до Собранието веднаш откако ги добила потребните 8 гласа според законот, без притоа да бидат разгледани другите кандидати, без споредба на нивните квалитети со оние на Дуковска, ниту пак биле ставени на гласање за да се утврди дали некој од нив би добил повеќе гласови.
Дуковска, по оваа одлука треба да се врати во Апелациониот суд во Скопје, од каде што и дојде во Уставниот суд, додека Судскиот совет треба да распише нов конкурс. Ова не е кратка постапка, па затоа важни закони кои бараат полн состав и непарен број на судии за одлучување, како што е законот за јазиците, ќе се одложат со месеци./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button