ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставниот суд го изгласа дневниот ред

Усвоен е дневниот ред за денешната седница на Уставниот суд. Една од точките се однесува на  иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците. Непосредно пред гласањето седницата ја напушти судијата Фатмир Скендер.

Advertisements

Тој предложи точката да се одложи поради отсуството на двајцата судии.

-За овој предмет пожелно е да бидеме сите присутни да ги вкрстиме сите наши аргументи и ставови, рече судијата Скендер.

Останатите судии не се согласија со Предлогот и беше изгласано истиот да се одбие. Нивните аргументи беа дека доколку востановат таква пракса, тогаш ќе треба и за други предмети да се чека да бидат присутни сите, со што, како што посочија, ќе се кочи работата на судот.  Воедно, аргумент беше дека и за други предмети досега одлучувале во отсуство и на други судии.

По одлуката, судијата Фатмир Скендер одлучи да не присуствува на расправата за првата точка од дневниот ред, односно за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.

-Поради неможност моите ставови да бидат слушнати од отсутните судии, јас нема да присуствувам на расправата по првата точка, рече судијата Скендер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button